(Видео) „Македонско девојче“, песна за Есма и за сите жени – Концерт на „Барселона Џипси Балкан Оркестра“ во СКопје – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/22 11:42 AM

(Видео) „Македонско девојче“, песна за Есма и за сите жени – Концерт на „Барселона Џипси Балкан Оркестра“ во СКопје

Италијанката Маргерита Абито ја пее „Македонско девојче“ со многу љубов и возбуда, а публика во салата на Филхармонијата не го криеше задоволството и ја награди со голем аплауз.

Вака изгледаше вчера на концертот на „Барселона Џипси Балкан Оркестра“, чиј вокал е оваа супер   талентирана Сицилијанка.

Бендот со право го носи ова име, биејќи е составен од музичари од различни места на Европа.  Иван Ковачевиќ е од Србија, свири контрабас, па покрај руските  и циганските романси, тој им ја всадил љубовта кон балканската музика, меѓу кои е и македонската.

Потоа Стелиос Тогиас, кој свири на перкусии  е од Грција, гитаристот Жулиен Шанал е од Франција, додека Чави Пендон, Пере Ноласке Туру  и  Фернандо Салинас се од Шпанија.

Се слушнаа и „Море сокол пита“ и  „Јовано Јованке“, публиката стана на нозе и и подари огромен аплауз.
Маргарита не ги разбира јазиците на кои пее, но песни ги пее со таква леснотија, како да е израсната на Балкан и да ги зборува сите јазици.


– Неверојатна жена ја напушти играта на денешен ден на 11 декември пред шест години, таа беше скопјанка Есма Реџепова. Затоа, вечерва ќе пееме во нејзина чест, и во чест на сите жени кои се бореа за својата слобода“, рече Маргарита и  запеа во чест на Есма.

– Настапуваме во многу држави низ светот и нас не нè интересираат граници, химни, симболи, сакаме да го споделиме тоа што вечерва го споделуваме со вас“, рече Иван Ковачевиќ,
Фото: Вангел Тануровски