Голема полициска акција, апсења и претреси низ цела држава – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/22 10:19 AM

Голема полициска акција, апсења и претреси низ цела држава

Во повеќе градови низ државава на над 20 локации изутринава се вршат претреси при што се уапсени повеќе криминалци за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност.

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.