Дојави за поставени бомба пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, Градскиот трговски центар и до неколку средни училишта во Скопје.
Дојави за поставени екплозивни направи пристигнале и до ГТЦ, гимназиите „Јосип Броз- Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.
Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.
Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.
Дојава за поставена експлозивна направа била испратена утрово и во основно училиште во Кавадарци, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Тој додаде дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Минатата седмица, вакви закани беа испратени во шест основни и средни училишта во Кавадарци и се покажа дека дојавите биле лажни.