Светот зборува за пар навивачи од Бразил и нивното однесување на мечoт со Хрватска.
Меѓу илјадниците кои присуствуваа на натпреварот на кој Хрватска го совлада Бразил, се најде и пријателот на најпознатиот играч на поразената репрезентација, Нејмар.
Токму Карлос Енрике дојде во Катар со својата девојка Габриела.
Секако, тие двајца беа заедно на трибината.
View this post on Instagram
Но…
Камерите ги уловија во сосема необична навивачка сцена на натпревар од ваква фудбалска големина:
Енрике го држи мобилниот, со вклучена селфи камера, за да може неговата девојка Габриела – да се шминка.
Додека Бразилката се шминкаше, Карлос намигна на некој што беше под нив на трибините.
Миг подоцна, Габриела го крена погледот во стилот „Што правиш? На кого му намигнуваш?“, а тој се обиде да сокрие, што предизвика посебна лавина коментари дека швалре, намигнувал на девојка, до оние „Како таа воопшто виде што направи?!“, но и дека животот на пријателот на Нејмар со оваа девојка не му е лесен.
Како изгледаше сето тоа можете сами да погледнете во видеото кое за два дена веќе го виделе 12,2 милиони луѓе на Твитер:
Best thing I’ve seen at the World Cup so far pic.twitter.com/wTB6SyzPLI
— Gecko🦋❤ (@AcevenGecko) December 9, 2022