Вчера почна онлајн гласањето за детската Евровизија, на која годинава Македонија ќе ја претстават Лара, Ирена и Јован.
Гласањето ќе заврши утре (11 декември) во 15.59 часот, непосредно пред почетокот на финалната вечер, која е закажана за 16 часот, а Македонската телевизија ќе врши директен пренос.
Гласањето се одвива на официјалната веб-страница на фестивалот –https://vote.junioreurovision.tv.
Секој може да избере три омилени песни, а може да се гласа и за сопствената држава, а од еден електронски уред (компјутер, таблет, мобилен телефон) може да се гласа неограничено.
Последното гласање ќе биде повторно отворено на 11 декември, ќе трае 15 минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истата веб-страница.
Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика и поените од професионалните жирија, во сооднос 50:50.
Ајде Македонијо! Да ги поддржиме нашите ѕвездички Лара, Ирина и Јован и да гласаме за нив и нивната песна „Животот е пред мене“.