Дојава за бомба во „Ист гејт“, „Бисер“, полициска станица Центар… вработените и посетителите евакуирани – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/22 11:09 AM

Дојава за бомба во „Ист гејт“, „Бисер“, полициска станица Центар… вработените и посетителите евакуирани

Покрај училиштата утрово дојава за бомба стасала и во „Ист гејт“ „Бисер“, Железничка станица, полициската станица Центар….

Очевидци за ММС велат дека  многу бргу молот се испразнил, посетителите си заминале а вработените излегле надвор.
Од МВР ги потврдија дојавите.

-Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатрон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.