(Видео) Селин Дион го расплака цел свет, откри дека боледува од ретка болест – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/22 5:03 PM

(Видео) Селин Дион го расплака цел свет, откри дека боледува од ретка болест

На музичката дива Селин Дион и беше дијагностицирано ретко нарушување, SPS (Stiff Person Syndrome), синдром на вкочанета личност, што предизвикува неконтролирана мускулна напнатост.
Тешката дијагноза Селин ја сподели со јавноста во видеото кое го објави на Инстаграм.
Тоа е ретко невролошко заболување кое обично прогресивно напредува и може да доведе до вкочанетост на целото тело, а со тоа и до неподвижност.
Болеста се уште е неизлечива, но напредокот може да се забави со третмани, а Селин во видеото открива дека прави се што може на овој план.
Расплаканата Селин откри и дека поради болест ја откажува европската турнеја на која требаше да настапи во Загреб.
„Поздрав до сите, извинете што ми требаше толку време да разговарам со вас. Многу ми недостигате и едвај чекам повторно да разговарам со вас од сцена“, им се обрати пејачката на своите фанови на почетокот на видео кое расплака многумина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)


„Отсекогаш сум била како отворена книга, но до сега не бев подготвена да зборувам за ова. Неодамна ми беше дијагностицирано ретко нарушување кое погодува еден од милион луѓе во светот. Барем сега разбирам зошто имам грчеви. За жал, грчевите ми го нарушуваат секојдневието. Некогаш не можам да одам, понекогаш не можам да зборувам или да пеам. Многу ми е жал, но не ни верувам дека ќе успеам да ја започнам турнејата во февруари следната година. Работам со најдобрите лекари и спортски лекари за да си ја вратам силата и способноста за повторно настап, но морам да признаам дека тоа е тешка борба“, рече таа и продолжи.

„Додека сè уште дознаваме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека тоа е причината за грчевите од кои страдав“, истакна таа.
„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот живот и ми отежнуваат да се движам наоколу и да не ми дозволуваат да ги користам моите гласовни способности како порано. Тешко ми е да ви кажам дека тоа значи дека нема да биди подготвен да ја продолжам мојата европска турнеја во февруари, како што беше претходно најавено“, рече Селин.

Пејачката откри и дека за неа се грижи одличен тим лекари, кои и помагаат да закрепне, а истакна и дека има голема поддршка и помош од нејзините деца.

На крајот додаде дека сега треба да се фокусира само на своето здравје за повторно да застане на сцената и да го работи она што најмногу го сака.

„Ве сакам и се надевам дека наскоро ќе се видиме повторно“, им порача таа на обожавателите кои ја опсипуваа со пораки за поддршка и утеха во коментарите.

(Курир.рс)

Фото: Инстаграм