Сопственикот на „Твитер“ и на „Тесла“, Илон Маск, од денеска повеќе не е најбогатиот човек на светот, покажуваат податоците на престижниот њујоршки магазин „Форбс“.
Маск падна од првото место по купувањето на „Твитер“ за 44 милијарди долари и продажбата на акции во неговата компанија за електрични автомобили.
Првото место го зазеде Бернард Арно, сопственикот на луксузниот бренд „Луј Витон“ и бројни компании чие богатство според „Форбс“ се проценува на 185,4 милијарди долари.
Маск, кој беше на првото место до септември 2021 година, има проценета нето вредност од 185,3 милијарди долари.