Бев излажан на начин на кој им поминува само на психопатите, рече Ленин Јовановски и се повлече од протестите – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/22 3:01 PM

Бев излажан на начин на кој им поминува само на психопатите, рече Ленин Јовановски и се повлече од протестите

Правдата е на страна на приватните превозници. Проблемите место да се решаваат ние секој ден добиваме проблем повеќе, рече Лелнин Јовановски, кој одржа прес конференција веднаш по секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров.

-Ако првично беше неисплаќањето на долгот на ЈСП кон превозниците, потоа дојде одземањето на дозволите, со кое се одзема правото да учествуваат во јавниот превоз, сега има и трет проблем со најавата дека ќе има нов оглас и од она што го прочитавме, не може огласот да се спроведе онака како некој што сака, туку мора да  е во согласност Закон и одлуката Советот на Град Скопје. Така да идејата на градоначалничката дека превозниците поединечно ќе може да конкурираат е  ретерирана и сега е објавен оглас за линиите 20 и 22. Не е точно тврдењето на секретарот дека имало огромен интерес, превозниците се тука, никој нема намера да се пријави ако долгот не се расчисти. Не може некој да го терате да ви вози уште 3-4 месеци, па да му речете тужи не, рече Јовановски.

Во врска со секојдневните поплаќи на граѓаните за сообраќајниот хаос тој кажа:

-Превозниците и покрај тоа што им беше предочено дека има поплаки на граѓаните, а имаат и голема поддршка од други граѓани, туие одлучија и понатаму да останат на улица и протестираат. Имаше предлози за радикализација, но ниеден предлог не е усвоен, а од утре натаму ќе видиме, рече Ленин и најави дека ќе се повлече.

„Заради тоа што во изминатите денови, а секој ден се повеќе се споменувам јас како клучен извор на проблеми, за бизнис или лични интереси, се прави дефокус од вистинскиот проблем, дека сум ја поддржувал градоначалничката. Јас од денес ќе се повлечам од протестите за да не бидам изговор ниту јас ниту „Слобода превоз“ за нерешавање на проблемите, а 23 години сум ги застапувал нивните интереси. Ќе ги тргам сите дефокусирања на вистинскиот проблем и лагите дека нам ни е во интерес да останеме во превозот, па одземена ни е дозволата како тоа. Останувам директор на Слобода превоз, останувам да ги продолжам започнатите постапки пред надлежните институции, рече Јовановски и продолжи:

-Се надевам дека ваквиот потег ќе ги охрабри сите, па место да се занимаваат со моето име и покажуваат слики кај сум бил, со кого сум бил со злоупотреба на слики од мојот рпиватен профил на Фејсбук.  Последната злоупотреба е моето присуство на една хуманитарна забава организирана од Сашо Богдановски, каде присуствуваме троица од „Нокните волци“, а јас сум и ќе останам секаде каде се хуманитарните настани. Жалам што Скопје трпи, не ни помислував дека ова може да се случи. Сакаме да се покажеме колку сме демократи. Пенов вели дека насилно ќе ги отстрани автобусите од протестите, тоа ли е одговор на ненасилни протести, ова е изјава како да сме Северна Кореја, рече тој.

На новинарско прашање ако нема пријавени превозници тогаш во што се сомневаат, дали се соменваат дека градоначалничката сака да намести некој друг.

На тоа Јовановски одговори:

-Се прашувам целта да бидат тргнати приватните превозници од јавниот превоз се гледа, но која е крајната цел? Не сакам да шпекулирам. Но, интенцијата на градоналчалничката е наводно  едни рачиња да вади од мед, за да може да им стави на други. Ако може да стане збор за мед, ова што превозниците го заработуваат, бидејќи се смејни фирми се минималец. Не станува збор за бизнис елита, туку наемници на градот, кои извршуваат колку да преживеат, рече тој.

На прашањето дали како Ленин Јовановски чувствува одговорност за тоа што ја нарекуваше прекрасна жена и ги убедувавте граѓаните да гласаат за неа.

-Мене ми е жал и сакам ако можам да го поправам тоа и да се извинам. Без измамен од човек кој многу перфидно лаже, знае да заведе и да даде лажна надеж. Тоа што таа ми го кажа го кажа пред сите превиозници на трибина. Веројатно се менува перцепријата на човекот која ја дава моќта на функцијата. Не постои начин да биде отповикана, но да имам инструмент веднаш би го направил тоа. . Признавам дека сум изманипулиран на начин на кој тоа им поминува само на психопатите. Психопатот многу успешно знае да ви се наметне, да ве излаже и да ве стави во своја функција додека му требате. Првиот момент кога застанав зад превозниците, следниот ден јас бев нејзин непријател и со најгруби збориви ме нападна, рече на крајот тој.

(В.М.)