МВР да го среди сообраќајниот хаос, виновни се приватниците, не ЈСП, повика Претседателот на Град Скопје и побегна од новинарите – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/22 2:12 PM

МВР да го среди сообраќајниот хаос, виновни се приватниците, не ЈСП, повика Претседателот на Град Скопје и побегна од новинарите

 

Прес конференција денес се обиде да направи генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, на која требаше да се зборува за Блокада на сообраќаниците и блиокада на градската администрација.

Но, место тоа излезе пред новинарите, прочита соопштение и без можност за ниту едно прашање си побегна и ги упати за сите прашања да се обратат на соодветна меил адреса.

Читајќи го соопштението рече:

-Од стана на Градот беа понудени неколку решенија, но некому не му одговараа. Дали поради злоупотреба или политички влијанија тоа допрва ќе се види. Застој поради ЈСП нема, туку е поради блокадата која евидентно има политички одек. ЈСП работи во полна кондиција. Го повикуваме МВР да превземе мерки, бидејќи одреден приватен, личен интерес врши штета на Градот и граѓаните на Скопје. Самиот јавен повик е техничка операција, кој е ист како и претходниот, каде беа ангажирани чинителите во вршење на оваа функција. Има огромен интерес од лица, особено од лица кои и досега возеле одредени линии. Повикот е отворен, нема ограничувања и сакаме да овозможиме секој кој чесно работи согласно правила и закон, на тој начин може да обезбеди секојдневни потреби за семејството. Од аспект на должничко-доверителски односи сакам да укажам дека во моментот се врши ревизија и кога ќе заврши ќе се утврди состојбата. Застој во превозот од старна на ЈСП нема, тој застој е поради политички блокади и личен интерес, рече Ѓоргиевски и ги упати новинарите за сите прашања да прашаат на соодветна меил адреса и побегна.

(В.М.)