Девет скопски училишта Народна банка добиле електронски закани за бомби, во моментов се врши евакуација – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/22 10:45 AM

Девет скопски училишта Народна банка добиле електронски закани за бомби, во моментов се врши евакуација

МВР информира дека денес девет скопски училишта повторно електронски добиле закана за поставени бомби.

-Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР и додаваат:

-Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ  било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од министерството.