Православната црква и нејзините верници денеска го одбележуваат споменот на света Екатерина Александриска, ранохристијанска маченичка, светица и заштитничка на љубовта од крајот на третиот век.
Според традицијата, царот Максентиј еднаш повикал 50 мудреци и организирал дебата на која ќе се разговара за религијата. Во таа расправа оваа светителка победила, а царот Максентиј наредил како казна да бидат запалени останатите 50 мудреци. Пред нивната смрт, на убедување на Екатерина, овие мудреци го признале и го прифатиле христијанството.
Екатерина била мачена и убиена на 18-годишна возраст, на 24 ноември 305 година. Се верува дека за време на егзекуцијата наместо крв од нејзиното тело течело млеко.
Во едно видение, Исус Христос и дал прстен, а таа го протолкувала како знак дека треба да му го посвети животот на Бога. Тој прстен и денес е на нејзината рака.
Таа била високо образована и многу добро упатена во грчката филозофија, реторика, медицина и логика, со многу пријатна надворешност.
Нејзините мошти се чуваат на Синај. Кон крајот на 14 век, игумен на тој манастир бил Србинот Јоаникије.
Православната традиција вели дека постои верување дека секој што сака да ја запознае љубовта на својот живот се моли на оваа светителка. Потребно е да се моли секоја вечер 40 дена и желбата ќе се исполни.
Извор: espreso.co.rs
Фото: Јутјуб принтскрин