Здравје за зима: Јадете кисела зелка три пати неделно и пробиотик не треба да купувате – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/22 12:14 AM

Здравје за зима: Јадете кисела зелка три пати неделно и пробиотик не треба да купувате

Зимскиот период е познат по бројни вируси и настинки, додека имунитетот ни е послаб. Внесувањето на витамини е неопходно за да се одржи здравјето и да се зајакне имунитетот.

Една од поздравите намирници чие зголемено внесување се советува во зимските денови е зелката. Овој зеленчук содржи високо ниво на витамини Ц и Б, како и моќни антиоксиданси. Кога се ферментира, тој исто така станува богат извор на пробиотици.
На оваа тема во емисијата „Уранак“ зборуваа доктор Воислав Перишиќ и нутриционистката Бранка Мирковиќ.

„Киселата зелка има пробиотски бактерии на листовите, од растително потекло, лактобацилус планарум. Тоа се бактериите кои се наоѓаат во популарните пробиотици, кои не треба да ги купувате ако јадете кисела зелка. Јадете ја три пати неделно, има и важни влакна за забрзување на столицата, на тој начин се забрзува транзитот на штетни материи и нема подолг контакт со цревата, па нема можност за негативно влијание врз здравјето“, вели д-р Воислав Перишиќ.
Освен самата зелка, нутриционистот објасни дека расолницата е добра и како пробиотик.

Препорачуваме да консумирате и расолница, единственото нешто што мора да се внимава во текот на зимата е навреме да се прекине вриењето“, објасни таа.