(Вознемирувачко фото) Го прогласиле за мртов, па продишил во мртовечница – Маж(62) поради лекарска грешка за малку жив ќе го закопале – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/22 12:38 PM

(Вознемирувачко фото) Го прогласиле за мртов, па продишил во мртовечница – Маж(62) поради лекарска грешка за малку жив ќе го закопале

Човек по име Хозе Рибеиро од Бразил, кој болницата го прогласи за мртов, беше пронајден жив во мртовечка вреќа во погребално претпријатие – за да умре од хипотермија два дена подоцна.

Хозе Рибеиро, кој бил хоспитализиран поради рак на јазикот во февруари, лекарот по грешка го прогласил за мртов во централната државна болница Гојано-Север во Уруако, Гојас на 29 ноември, пишува Дејли Меил.

Мажот (62) бил ставен во мртовечка вреќа и чуван во ладилник во болничката мртовечница пет часа пред да биде пренесен во погребалното претпријатие. Кога бил однесен таму, работникот забележал дека очите му се отворени и дека има проблеми со дишењето.

После тоа состојбата на Рибеиро се влошила и тој починал два дена подоцна, изјавила неговата сестра Апаресида Рибеиро за локалниот бразилски весник.

Докторот Лукас Кампос, кој ја потпишал потврдата за смртта на Рибеиро, е суспендиран и сега е под истрага за обид за убиство.
Ковчегот со телото на Хозе Рибеира беше однесен на гробиштата во бразилскиот град Риалма во четвртокот, неколку часа откако 62-годишниот маж почина од хипотермија.

Копија од потврдата за смртта која му била дадена на семејството на Хозе покажува дека тој починал од рак на јазикот.

Сестрата на несреќниот човек изјави дека на денот кога Рибеиро погрешно бил прогласен за мртов, семејството пристигнало во болницата околу 20 часот за да се договорат неговите посмртни останки да бидат преместени на гробиштата во нивниот роден град Ријалма.

Вработен во погребната куќа го подготвувал телото на Рибеиро за погреб, кога одеднаш забележале дека неговите очи се отворени и дека тешко дише.

Неговата сестра и нејзиното семејство биле информирани за инцидентот и се упатиле кон погребалното претпријатие пред да го однесат нејзиниот брат во Општинската болница во Риалма, каде што починал два дена подоцна.

“Неверојатно е тоа што се случи. Мојот брат помина пет часа во пластична кеса, разладен”, рекла неговата сестра. Беше страшно, таква ситуација е неприфатлива.

Заменикот на цивилната полиција во Риалма, Петерсон Амин, чиј оддел доби полициски извештај од неговата сестра, ја истражува смртта на Хозе како убиство.

(Курир.рс/Дејли меил)