Бројките покажуваат дека во 2021 година процентот на успешност на „Гаранција за млади“ е 41 процент, а додека само до јули оваа година процентот на успешност на млади кои влегле во програмата и излегле од програмата со вработување е 42 проценти што значи дека до крајот на 2022 година тој процент ќе биде многу поголем, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната Конференција со наслов “Youth Guarantee: Making it Happen”.
Таа рече дека Република Северна Македонија беше единствена земја надвор од Европската Унија којашто спроведуваше „Гаранција за млади“ и навистина во изминатите години покажува одлични резултати.
– Време е да посветиме многу повеќе внимание на младите, на нивната вработливост, да ги задржиме овде во државата, да не одат надвор од државата, истакна министерката Тренчевска.
Покрај „Гаранцијата за млади“ таа го спомна и практиканството преку коешто младите без работно искуство ќе можат да се стекнат со вештини во фирмите кои се пријавуваат за да ги земат младите за практиканти.
Директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати, земјава е од ретките земји коишто не е член на Европската Унија и го спроведува овој проект.
– Ние сме една од ретките земји коишто не сме членка на ЕУ а го спроведуваме проектот „Гаранција за млади“ каде што на сите млади лица на возраст до 29 години во рок од четири месеци после првото пријавување им нудиме конкретно вработување, односно конкретно да ги искористат нашите мерки.
Додаде дека целта е младиот кадар и младите луѓе да се задржат во оваа држава и дека интенција АВРСМ е, како што кажа Мурати, ако во 2021 година биле вклучени 12 илјади луѓ, оваа година најмалку илјада лица повеќе да бидат вклучени во сите мерки што ги спроведува агенцијата.
Во 2022 година Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија е претседавач со Центарот на јавните служби за вработување на државите од Југоисточна Европа (CPESSEC).
Овој Центар е основан во 2007 година како регионален центар за размена на информации и искуства за сите активности поврзани со обезбедување услуги за работодавачите, невработените лица и зајакнување на капацитетите на јавните служби за вработување во Југоисточна Европа.
Во Центарот членуваат јавните служби за вработување од 10 држави, како што се Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција и Унгарија.