Седумгодишната Хана Роп од Пенарт, Велика Британија, почина од инвазивна стрептококна болест од групата A (iGAS), или Strep A.
Нејзиниот татко Хасан (37) рече дека Хана секогаш била насмеана.
„Ние сме отупени, не знаеме што да правиме“, рекол таткото.
По смртта на Хана, беше спроведен преглед од повеќе агенции. Низ Велика Британија, шест деца починаа од инвазивна форма на бактериска инфекција со стрептокок А во последните месеци, пишува Би-Би-Си.
Инфекциите со стрептокок А се обично благи, предизвикувајќи болести кои се движат од болки во грлото до грозница, но може да се развијат во посериозна инвазивна стрептококна инфекција од групата A (iGAS).
Хасан рече дека неговото семејство е „трауматизирано и очајно“. Тој рече дека неговата ќерка се вратила од училиште во четвртокот, 24 ноември со блага кашлица. Меѓутоа, до вечерта нејзината кашлица се влошила.
Додека таа се мачеше со спиење, тој и дал антихистамин и инхалатор со надеж дека ќе се чувствува подобро ако одспие.
Меѓутоа, кога семејството се разбудило, состојбата на Хана не била подобрена, па нејзиниот татко ја однел на лекар, кој и препишал стероиди.
Тој ден околу 20 часот, Хасан заминал на работа кога му се јавила сопругата Салах и рекла дека Хана престанала да се движи.
Веднаш истрчал дома и повикал полиција.
„Почнав да ја оживувам на креветот, но не можев да ја вратам“, рекол таткото гледајќи во празниот кревет на својата ќерка.
Половина час по пристигнувањето на брзата помош, кај Хана била констатирана смрт.
„Ги немам сите достапни информации, па не можам да судам. Се надевам дека сè беше соодветно истражено и проверено“, рече тој.
Тој рече дека сака да биде уверен дека се е направено како што треба.
„Ако тоа е вистина, тогаш не можам никого да обвинам“, рекол таткото.
Заедницата во Пенарт се собра за да ја покаже својата поддршка за семејството. Наставничката од основното училиште Викторија, каде што одеше Хана, го посети семејството.
Хана беше погребана во петокот, а на погребот присуствуваа голем број луѓе, што според зборовите на нејзиниот татко покажува колку била сакана неговата ќерка.
По смртта, ќе се спроведе процедурален преглед на неочекуваната детска смрт.
Јавното здравство Велс испрати писмо до училиштата и градинките во Велс за да ја подигне свеста за симптомите и потенцијалните компликации на шарлах по порастот на случаите на шарлах во ОК.
Испратено е предупредување и до општите лекари, педијатрите и одделенијата за итни случаи да го известат јавното здравство за сите нови случаи.
(Курир.рс/Телеграф/Би-Би-Си)
Фото: Фејсбук