Која е Инес Рау? Мбапе до уши вљубен во манекенка, која до 16 години била машко – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/22 7:54 PM

Која е Инес Рау? Мбапе до уши вљубен во манекенка, која до 16 години била машко

Килијан Мбапе по којзнае кој пат докажа дека е еден од најдобрите стрелци, а само на натпреварот против Полска постигна два гола и со тоа и обезбеди на Франција четвртфиналето.
Фудбалерот извесно време се криеше од новинарите, а по победата на репрезентацијата кратко им се обрати велејќи дека мора да се концентрира на она што се случува на теренот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)

„Многу луѓе ме прашуваа зошто ме нема во медиумите. Ништо лично пртив печатот, но сакав да се концентрирам на турнирот и мојата игра. А кога треба да се концентрирам, морам да бидам 100 проценти во тоа и не ја трошам мојата енергија на ништо второ. Затоа не излегов на прес“, објасни играчот, а неговата одлука наводно ќе донесе парична казна за Француската фудбалска федерација бидејќи е спротивно на правилата на ФИФА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by INES RAU (@supa_ines)

„Тоа го дознав неодамна, но ќе платам“, изјави 23-годишниот Парижанец кој во последните месеци беше особено интересен за медиумите поради новата врска со трансродовиот модел Инес Рау.
Убавата Алжирка имала само 16 години кога решила да го промени полот, со што станала девојка во тинејџерските години. Според нејзиното признание, таа се чувствувала заробена во своето старо тело и „едвај чекала да се претвори во вистинска жена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by INES RAU (@supa_ines)

Инес е една од најпознатите трансродови модели во светот, а во 2017 година стана првата трансродова личност која позирала за насловната страница на Плејбој. Иако се појавила само на насловната страница на француското издание на тоа познато машко списание, целата приказна и донесе светска слава и ја однесе на модните писти ширум светот.
Мбапе ја најде среќата кај жешката Алжирка по раскинувањето со актерката Ема Смет, а интересно е што таа не го откри идентитетот до 24-тата година од животот.

Никој не знаеше дека таа е трансродова и живееше како маж до тинејџерските години.

Извор: wanted

Фото: Инстаграм