Познатата шминкерка и бизнисменка Маја Јанеска од Охрид, која почина во Јужна Африка била во врска со Кајл Филипс, тајкун со цигари, пишува порталот Њуз24.ком.
Ви пренесуваме дела од информацијата на овој портал за Јаневска и за тоа што се случувало:
Полицијата потврдила дека Маја починала од прострелна рана во главата.
„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Лекарите само констатирале смрт“, изјавил портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.
View this post on Instagram
„Њуз24“ од свои извори дознава дека Филипс на блиските им кажал дека во моментот на смртта на Јанеска бил во куќата и се упатил кон собата каде што била пронајдена.
Поранешната сопруга на Филипс, Трејси, рекла дека Филипс е „уништен и шокиран од оваа трагедија“ и дека „ќе соработува со истрагата“.
Порталот пишиува дека смртта на популарната инфлуенсерка на Инстаграм, која има 1,2 милиони следбеници, ги шокирала сите и во Македонија и таму.
Роднина, кој побарал да остане анонимен, изјавил за Њуз24 дека семејството е во „апсолутен шок“ од катастрофалните вести.
„Нашите телефони не престанаа да ѕвонат; сето ова е ново за нас. Ние сме во Европа, а рацете ни се врзани затоа што не можеме да дојдеме во Јужна Африка поради проблеми со визите. Јанеска лежи таму во некоја мртовечница и немаме поим што всушност се случува“, додал роднината
Според нејзиниот роднина, семејството на Јанеска дознало за нејзината смрт преку еден од поранешните соработници на Филипс, кој им се јавил да им каже дека нејзиното тело е пронајдено, а дека самоубиството е сомнителна причина за нејзината смрт.
„Таа понекогаш се плашеше за својот живот. Нејзиното момче имаше мажи кои работеа за него, а таа се плашеше и од нив. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме“.
Роднината додал дека, кога Филипс ги контактирал за смртта на Јанеска, тој изгледал „вознемирен“.
Порталот разговарал и со нејзината блиска пријателка Ива Ристиќ, која не верувала дека Маја се самоубила.
View this post on Instagram
-Разговарав со неа во четвртокот, таа немаше такв намера. Не беше таква личност, рекла другарката.
Ристиќ им кажала дека:
-Таа штотуку се врати од дипломатско патување во Македонија. Беше толку убава жена, полна со живот, многу талентирана и амбициозна. Таа беше добро запознаена со министрите во земјава и шефовите. Таа го сакаше животот и не разбирам зошто некој би и наштетил на каков било начин.
Објавите на Јанеска на социјалните мрежи и медиумските ангажмани ја прикажуваат како расположена и возбудлива жена, која беше решена да успее, кажала пријателката.
Во обраќањето до студентите на универзитет, само девет дена пред нејзината смрт, Јанеска раскажала како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија, каде што добила понуда да работи во хотел. Таму научила свахили и започнала кариера како шминкер и стилист.
Таа ја повикала својата млада публика да не се откажува од своите соништа.
“Можете да имате добри и лоши моменти во животот, но вие сте тие кои можат и треба да прават промени. Желбата е едно, самодовербата е друго. Верувајте во себе, бидејќи само така ќе успеете”, рекла таа.
Во нејзината последна објава на Инстаграм, од 22 ноември, Јанеска е сликана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Осман. Таа објави дека ангажманот има за цел воспоставување дипломатски односи меѓу „мојата земја, Република Северна Македонија, и мојот втор дом, Република Јужна Африка“.
„Патувањето за здружување на двете земји и нации беше мојата мисија како патриот и љубовта кон двете земји и нации е она што ме натера да го иницирам. Овој однос донесе неверојатни можности за бизнис, образование, туризам и размена на културни искуства … Моето срце е полно со љубов и благодарност за двете земји, напишала таа.
Објавите на Јанеска на социјалните мрежи и профилот на ЛинкедИн покажуваат длабока промена од нејзиниот ран живот како шминкерка и блогерка за убавина.
View this post on Instagram
Таа рекла дека „продолжува да расте“ меѓу другото во енергетската, рударската и тутунската индустрија.
Нејзината врска со Филипс – кој е ко-директор на компанијата за цигари на Адријано Мацоти, Карнилинкс – беше опишана од оние кои ја познаваа двојката како “on and off”.
Парот сепак бил сликан заедно во јули на свадба на ќерката на Мацоти на Ибица, на која присуствуваа и Малема и неговата сопруга.
Извор: Њуз24.ком
Фото: Инстаграм