МВР денес пак ќе добие помош од 360.00 евра од МВР на Германија, за две години нашата полиција добила помош од нив 1,7 милиони евра – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/22 12:09 PM

МВР денес пак ќе добие помош од 360.00 евра од МВР на Германија, за две години нашата полиција добила помош од нив 1,7 милиони евра

Денес ќе се додели помош во вид на опрема од Сојузната полиција за македонското МВР, информираат од Германската амбасада во Скопје.

Во соопштението од амбасадата се вели дека оваа помош е во рамките на соработката меѓу министерствата за внатрешни работи на Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија.

-Амбасадорката на СР Германија, Анке Холштајн  на македонското МВР денес ќе му предаде дел од опремата за помош на македонското МВР. Поддршката на Сојузната полиција во вид на опрема во 2022 година за македонската граничната полиција има вкупна вредност од околу 360.000 евра.
Меѓу другото, теренски возила, теренски квадрици и технички ресурси како што се проверувачи на документи. Од 2020 година, Сојузната полиција ги поддржува своите колеги во Северна
Македонија со опрема во вкупна вредност од околу 1,7 милиони евра. Оваа помош со опрема се реализира преку канцеларијата за врски на Сојузната полиција во Скопје и ја поддржува македонската гранична полиција во предизвикувачката задача за поефикасно откривање и сузбување на прекуграничниот криминал, се вели во соопштението од амбасадата.