Новиот тренд на ТикТок е означен како опасност по здравјето, а се работи за лепење на устата навечер за да се поттикне дишењето со носот додека спиете.
Во едно видео, корисник тврди дека таканаречениот трик за спиење му помогнал подобро да заспие и дека дишењето преку нос, наспроти устата, може да спречи лош здив и болести на непцата. Друго популарно видео споделено минатата година од тренерот за здравство Кори Родригез имаше слични тврдења, а видеото имаше повеќе од 5 милиони прегледи.
– Целта е да дишете низ нос додека спиете, а не преку уста – објаснил тој во видеото. Тој додаде дека секоја вечер си ја залепува устата со селотејп, тврдејќи дека тоа му овозможило подобра орална хигиена и намалено ‘рчење и сува уста.
@isabelle.lux Reply to @christinakaiulan6 Beauty and Anti Aging while you Sleep pt 1 ♥️ #mouthtape #antiaging #beautyroutine ♬ original sound – Isabelle Lux ⚡️ Skincare
Сепак, има малку научни истражувања за придобивките од лепењето на устата и експертите побрзаа да ги отфрлат тврдењата на ТикТок.
Британската фондација за спиење откри дека несаканите ефекти од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усната од лентата и нарушување на спиењето поради отежнато дишење преку нос.
Во меѓувреме, експертот за спиење Џејмс Вилсон рече дека придобивките од дишењето со носот не се вредни за ризикот од затворање на устата.
„За жал, лепењето на устата е екстремен начин да се поттикне дишењето со носот што има сериозни здравствени ризици“, изјави тој за Newsweek.
ИЗвор: Srbija danas
Фото: Принтскрин Тик Тој видео