За време на вчерашниот натпревар Меси ја имаше поддршката од сопругата Антонела Рокоцо, додека таа несвесно успеа малку да го засени својот животен партнер.
По натпреварот, на социјалните мрежи се проширија фотографии од навивањето и славењето на госпоѓата Меси, која носеше виолетов дрес со името и бројот на нејзиниот сопруг и длабоки искинати фармерки од светол џинс.
„Побогу, зошто не зборуваме колку е убава и едноставна Антонела“, „Како е можно да се биде толку убав“, „Нема фудбалер, кој има жена како Меси“, „Лео Меси е божји миленик“, „Го гледаш ли ова лице“…се само дел од коментарите на Твитер.
Por dios hablemos de lo hermosa y sencilla que es me pongo de pie ANTONELA ROCCUZZO https://t.co/YFBvrhc2Cy
— Agu ✨ (@_Agustinarovira) December 4, 2022
Лионел Меси и Антонела Рокоцо се заедно уште од школските денови, а се запознале додека тој се дружел со нејзиниот брат, со кој, како што подоцна признал, поминал многу време за да може да ја види Антонела.
COMO VAS A SER TAN HERMOSA DEJALO A LIONEL Y VENI CONMIGO https://t.co/HeKJ8FYdzW
— 🇦🇷antonela roccuzzo (@domemybeloved) December 4, 2022
Бидејќи и двајцата биле срамежливи, врската не започна веднаш, а спортистот во меѓувреме ја напуштил родната Аргентинаи заминал за Барселона, каде што играше за пониските категории. Откако во 2007 година имала смртен случај во семејството, Меси отишол да ја утеши, а парот сфатил дека повеќе не можат да живеат еден без друг. Затоа Антонела се запиша на студии во Барселона и се пресели кај фудбалерот на кого во 2017 година му кажа „да“.
View this post on Instagram
Антонела и Лионел имаат три заеднички деца: Тиаго, Матео и Ќира, а од преселбата на фудбалерот во Пари Сен Жермен, тие заедно уживаат во Париз.
ИЗвор:glossy.espreso.co.rs
Фото: Инстаграм