Бугарија си има свој Меси, а тоа сум јас, вели Борисов – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/22 4:24 PM

Бугарија си има свој Меси, а тоа сум јас, вели Борисов

На средбата со младинските активисти на ГЕРБ, Бојко Борисов најави дека има две опции за номинација за премиер на ГЕРБ-СДС, тој или партиски неопределен кандидат, јави дописникот на МИА од Софија.

Борисов изјави дека Бугарија има свој Меси и додаде дека не гледа конкуренција против него.

Според него, Бугарија треба на најбрз начин да формира влада, бидејќи тоа ќе придонесе за пристапување во Шенген.

Втората опција е да се формира малцинска влада, но тешко дека ќе биде најдобра за стабилноста во Бугарија во моментов.

Според него, одлуката ќе зависи од тоа дали ќе се најде договор со другите партии за приоритетните политики, меѓу кои и Продолжуваме со промената.

Борисов истакна дека изминатите две години се тотален удар врз професионалноста на бугарското МВР, велејќи дека се направени само политички назначувања и чистки, кои доведоа до ваков резултат.

Борисов ја коментираше евентуалната декларација во Народното собрание на Бугарија за можни контрамерки против Холандија, велејќи дека ГЕРБ нема да ги поддржи.

– Бугарија мора најбрзо да формира редовна влада во рок од еден месец и да не ја влече Романија за да да ја гарнира безбедноста на нејзината граница со Турција и да продолжи да оди во пакет со трите земји за Шенген и еврозоната заедно со Романија и Хрватска, посочи Борисов.

Претседателот на Бугарија Румен Радев утре на ГЕРБ ќе му врачи првиот мандат за формирање влада. Од ГЕРБ сè уште не соопштуваат кој ќе биде нивниот кандидат за премиер. Пред две години ГЕРБ го номинираше поранешниот министер за надворешни работи Даниел Митов за премиер на Бугарија.

Медиумите во Софија шпекулираат дека ГЕРБ сега може да ја предложи или Десислава Атанасова, која е шеф на пратеничката група или Томислав Дончев, кој беше вицепремиер за европски фондови во владите на Бугарија предводени од Борисов.