Неправедно се суспендирани полицајците тврди синдикатот – за утре најавен протест во Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/22 2:40 PM

Неправедно се суспендирани полицајците тврди синдикатот – за утре најавен протест во Кочани

Утре точно напладне пред зградата на полицијата во Кочани е закажан протест во знак на поддршка на четворица суспендирани полицајци. Како што најавува Независниот синдикат на полицијата, протестот е во знак на револт за суспендираните 4 колеги кои се оддалечени од своите работни места поради тоа што преземајќи службени дејствија со ,,РАДАР“ напишале казна за брзина, но не забележале дека возилото исто така е не регистрирано и не составиле и налог за не регистрирано возило.

-За овој пропуст (превид) од страна на колегите истите се суспендирани и им е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластувања. Полицајците се луѓе и имаат право на грешка при работењето, затоа ќе ни биде чест доколку присуствувате и медиумски ги поддржите нашите колеги, сметаат од Независниот синдикат на полицијата.

Оштетените полицајци реагираат дека е направен превид во текот на нивната работа, за што следува дисциплинска постапка, но не и суспензија и кривични пријави, како што им било најавено. Поради примената на вакви строги мерки, како што нагласуваат, во текот на изминатата година над стотина полицајци самоволно ја напуштиле службата.

-Ги повикуваме сите колеги, граѓани, невладини организации, но и Министерот, Директорот на БЈБ и останати добро намерници, да застанеме рамо до рамо во заеднички протест за полициска правда!
Вчера беше Гоце во Битола, денес сум Јас во Кочани, утре можеби си Ти!, стои во повикот за утрешниот протест на НСП.