(Видео) Мајката се исплашила, а сестрата се онесвестила кога се родило бебето – Сите се чудат на девојчето поради ретката болест – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/22 9:31 PM

(Видео) Мајката се исплашила, а сестрата се онесвестила кога се родило бебето – Сите се чудат на девојчето поради ретката болест

Приказната за момчето врколак кое имало големи проблеми поради својот необичен изглед ја заинтригира јавноста, бидејќи боледува од необична и ретка болест.

Сепак, тој не е единствениот,  големо внимание на социјалните мрежи привлече и едно мало девојче.

Тиктокерка од Малезија, Рабиатул Адавија често објавува видеа со девојка која боледува од синдром на врколак, односно хипертрихоза.

@rabiatuladawiyah8896 Selamat Hari Raya Dri Baby Missclyen ❤️ #werewolfsyndrome #foryou #viraltiktok #babyunik #bayicomel #fypシ #tiktoksarawak ♬ Glitch Mode Raya Remix – Abe Moon

Рабиатул ја запознала девојката сосема случајно во болница, а нејзиниот изглед ја фасцинирал. Оттогаш, тие често се среќаваат, жената сними видеа кои станаа многу популарни.
Бидејќи оваа болест се карактеризира со необичен изглед, оваа тиктокерка сака да ги скрши сите табуа. Хипертрихозата е генетско нарушување кое се карактеризира со прекумерни влакна на телото. Овој синдром ги погодува и мажите и жените и може да влијае на различни делови од телото. Многу често има и густа коса на лицето, поради што оваа состојба е тешко да се сокрие. Синдромот првпат бил опишан во 17 век.
Тиктокерката истакнува дека сака да ја подигне свеста за ова пореметување, па прикачува видеа со девојчето, со согласност на нејзините родители. Според порталот edziecko.pl родителите истакнале дека девојчето е така родено.

“Докторот не знаеше што е причината. Дежурната сестра се онесвести веднаш по раѓањето на детето”, рекла мајката на девојчето.

Извор: Курир.рс