Побрзо пеш отколку со автомобил -Штрајк, сообраќајка и реконструкција целосно го блокираа Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/22 9:49 AM

Побрзо пеш отколку со автомобил -Штрајк, сообраќајка и реконструкција целосно го блокираа Скопје

Од информациите што утрово ги објави Центарот з ауправување со кризи на Скопје, коса им се крева на возачите.

Според тие информации Скопје живее тотален сообраќаен хаос и просто е невозможно да се движите со автомобил низ центарот на градот и пошироко.

Штрајк, сообраќајка и реновирање на неколку значајни крстосници го прават невозможно движењето на автомобилите.

Според информацијата од ЦУКС  утрово најпрво беше блокиран булеварот „Илинден“, почна протест па поради тоа затворени за сообраќај се двете крајни десни сообраќајни ленти во двете насоки на движење, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до крстосницата со булеварот „ 8ми Септември“.

ЦУКС известува и дека на крстосницата помеѓу улицатите „Даме Груев“,  „Васил Главинов“ и  „Димитрије Чуповски“ во близина на ТЦ Палома Бјанка, пред малку се случила сообраќајна незгода, па затоа апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се движат кон овој потег.

Проблем е и движењето од населбата Аеродром кон центарот на градот.

ЦУКС извести дека поради извршување на градежни активности за реконструкција на коловозот на  булеварот „Кузман Јсоифовски Питу“ и тоа во насока на движење  од крстосницата со улицата „Никола Карев“ кон булеварот „ Кочо Рацин“. Целосно е затворен за сообраќај овој потег на булеварот, во оваа насока на движење.

-Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи, апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, информираат од ЦУКС.