Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цената на горивата којашто ќе важи од полноќ.
– Исполнети се предусловите, РКЕ ќе носи одлука за цена на горивата со сила од ноќеска на полноќ, вели портпаролката на РКЕ Марина Узунов.
Според последната одлука на РКЕ донесена во понеделникот, цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 е 84,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 86,50, на ЕУРОДИЗЕЛОТ 86,50, а на Екстра лесно масло 82,50 денари за литар.