Голем број жители на екс Ју републиките утрово се разбудија носталгични затоа што денеска 29 ноември е познат како национален празник кој масовно се славеше во Југославија.
По повод 29 ноември, ви пренесуваме приказна за тоа што се произведувало на нашите простори и по што сме биле препознаени во светот.
На социјалните мрежи веќе некое време кружи мапа со фирми кои постоеле на територијата на поранешна Југославија, а на неа може да се види се што се произведувало во „среќните времиња“. Некои од југословенските производи ги користел буквално целиот свет, а како што пишува Кликс се произведувале бродови, автомобили, авиони, камиони, оружје, па дури и компјутери.
View this post on Instagram
Секако, на мапата се вклучени и компании кои биле производители на облека, храна и други потреби. Сепак, многу од овие компании повеќе не постојат или се под банкрот или полека пропаѓаат.
View this post on Instagram
За време на „Југа“ во БиХ во ТАС се произведуваше популарниот Фолксваген Голф, како и популарната „Буба“ која се произведуваше со помош на тогашниот УНИС. Муницијата, на пример, се произведуваше во ПРЕТИС од Вогошќа, лидер на наменската индустрија во Југославија.
Во ФАП од Прибој и ТАМ од Марибор се произведуваа тешки камиони и шлепери, додека лесни транспортери се произведуваа во Застава во Крагуевац. Годишно таму се произведувале околу 200.000 автомобили. Гордоста на воената индустрија во поранешната држава беше СОКО со производство во Босна и Херцеговина, додека државната фабрика за авиони постоеше и во Краљево.
Во Славонски Брод имаше фабрика за вагони, а бидејќи Хрватска има излез на море, таму имаше најмногу бродоградилишта. Сепак, во Србија и Црна Гора уште имаше бродоградилишта. Кликс наведува дека Уљаник во Пула и 3. Мај во Риека биле на светско ниво и дека во тие бродоградилишта се произведувале најголемите прекуокеански бродови.
Верувале или не, Југославија беше една од петте земји во Европа кои имаа свои компјутери. Веројатно најпознат е Галаксија, додека првиот произведен компјутер е ЦЕР-10. Кон крајот на 70-тите, Дигитрон во Буја во Истра и Искра во Словенија почнаа да склопуваат компјутери.
На што се сеќавате вие од стара Југославија?
Извор: Курир.рс
Фото: Фејсбук