Барала електрично тенџере за да гостува во емисија – Како се труди да заработи српската пејачка Нада Топчагиќ – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/22 9:25 AM

Барала електрично тенџере за да гостува во емисија – Како се труди да заработи српската пејачка Нада Топчагиќ

Српската пејачка Нада Топчагиќ на секој начин се труди да заработи неколку динари бидејќи, очигледно, нема тезги.

Таа неодамна побарала 2.000 евра за гостување во една ТВ емисија, а сега отишла чекор понатаму барајќи од водителот на Хепи ТВ Урош Божиќ електрично тенџере за да се појави во неговото музичко шоу, пишува српски Курир.
Уредниците на „Хепи телевизија“ најпрвин мислеле дека се работи за шега, но сопругот на Нада Златко истакнал дека тоа е услов, бидејќи во спротивно нема да се појави на снимање. Кога претставниците на медиумите ги информирале дека ваквата соработка не ја практикуваат со јавните личности, пејачката и нејзиниот сопруг им викале, па дури и им се заканувале на вработените во Хепи.
Ова за Курир го потврдил водителот на емисијата:

– Шокирана сум и разочарана од однесувањето на Нада Топчагиќ и нејзиниот сопруг. Ова не е првпат оваа пејачка да го уценува раководството на телевизијата и да бара работи вредни неколку илјади евра за да биде во емисија. Од друга страна, споменатата пејачка секогаш била максимално почитувана од наша страна и мислам дека ова е крајно безобразно. Најголемите музички ѕвезди на нашата естрада никогаш не наплаќале за своите настапи, а зошто да ѝ платиме на Нади Топчагиќ. Мислам дека е неприфатливо да се уценуваат медиумите и да се бараат такви работи. Срамота е за Нада што по толку години во шоубизнисот не успеа да се обезбеди, туку од нас бара толку скапи работи – изјавил Урош Божиќ.
А на колегата Ера Ојданиќ, Нада му побарала електрично тенџере да дојде во неговото шоу.  Тој рекол дека нема намера да соработува со неа.

– Која е таа да бара пари? Тоа е срамота. Таа треба да им плати на телевизиите за да се појави. Таа е вообразена – изјавил Ера.

Ова не е прв пат Нада да бара пари за да даде изјава за медиумите или да гостува во емисија. Покрај тоа, пејачката еднаш изјавила дека никогаш повеќе нема да стапне на РТС, па набрзо го прекршила зборот.

Новинарите на Курир се обиделе да добиеме коментар и од Нада, но таа не одговарала на повиците.
Откако медиумите објавија дека Нада бара пари за да се појави во медиумите, се огласил нејзиниот сопруг Златко Ѓорѓевиќ да ја заштити.
-Јас сум сопруг на Нада, таа нема што да разговара со тебе, ќе ти кажам се што ти треба. Тоа е цената за гостување, некаде гостуваме бесплатно, некаде не. Цената за телевизијата на Саша Мирковиќ е 2.000 евра, бидејќи никогаш не ја повикал Нада да настапи на концертите што ги приредува на плоштадите. Сега за џабе сака таа да му го крева рејтингот, а јас сум тој што и ја диктира цената на Нади – рекол сопругот на пејачката.

Фото: Фејсбук