(Видео) Не се знае веќе кој со кого не зборува – Белгијците одржаа состанок поради лошата атмосфера во репрезентацијата на СП – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/22 9:01 AM

(Видео) Не се знае веќе кој со кого не зборува – Белгијците одржаа состанок поради лошата атмосфера во репрезентацијата на СП

Репрезентацијата на Белгија одржа „кризен состанок“ за да ги реши конфликтите меѓу играчите.

Според „L’Equipe“, во последно време атмосферата во националниот тим не е баш најдобра, а некои играчи одбиваат да комуницираат меѓу себе. Де Брујн не разговара со Тибо Куртоа, Еден Азар не разговара со Леандро Тросард. Не многу добри односи се развија меѓу напаѓачите Ромелу Лукаку и Миша Батшуаји. Забележано е дека неодамна дошло до голема кавга помеѓу Де Брујн, Азар и Вертонген, во која Лукаку интервенирал и ја прекинал.

Селекцијата на Белгија на Светското првенство победи против Канада во 1. коло, но загуби од Мароко во 2. коло и го зазема третото место во групата Ф со 3 бода.

Репрезентацијата на Белгија на 1 декември ќе се сретне со Хрватска во одлучувачкиот натпревар за пласман во осминафиналето.

МИА

Фото: Принтскрин Јутјуб