(Видео) „Мафијата е подготвена да убие цела нација“ – Уапсен познат рапер, му се заканува смртна казна, ги поддржал протестите во Иран – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/22 8:39 AM

(Видео) „Мафијата е подготвена да убие цела нација“ – Уапсен познат рапер, му се заканува смртна казна, ги поддржал протестите во Иран

Томај Салехи, ирански рапер кој ги поддржуваше антивладините протести, е обвинет за „корупција на Земјата“ и може да биде осуден на смрт, пренесува Би-Би-Си.

Музичарот е обвинет и за ширење пропаганда, соработка со непријателската влада и поттикнување насилство, потврдил судски службеник.

Салехи бил уапсен во октомври откако објавил неколку видеа од протестите.


Меѓу објавените видеа се и оние на кои рапува во знак на поддршка на демонстрантите кои излегоа на улица по смртта на 22-годишната Махса Амини во полициски притвор.
Во интервју за CBC News само неколку дена пред да биде уапсен, Салехи рекол дека објавувањето видеа во кои се критикува владата е „опасно затоа што станувате цел на владините сили“.

Тој предупреди дека Иранците живеат „во еден вид хорор“ каде што „мафијата е подготвена да ја убие целата нација за да ги задржи власта, парите и оружјето“.

Фото: Твитер