Поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ присуствуваше на натпреварот меѓу Хрватска и канада на СП во Катар, а беше облечена во народна носија.
– Кодексот на облекување на свечена платформа дозволува свечен костум или традиционална, т.е. народна носија. Патем, тоа е правило и во дипломатијата. Националната носија е многу прифатен начин на облекување во свечени пригоди. Така ќе ме видите во типични хрватски и црвено-бели комбинации на одела и костими или нежни комбинации, што е одлична промоција на Хрватска. На крајот на краиштата, зошто да се вклопиме кога можеме да се истакнеме? Тоа важи и за држави и за поединци – рече таа.
Колинда на Инстаграм објави фотографија од Мундијалот на која позира во народна носија, а описот го привлече вниманието на сите. Имено, таа му се обрати на канадскиот премиер Џастин Трудо.
View this post on Instagram
– Каков одличен натпревар на Светското првенство. Многу сум горда на момците од Хрватска. Канада се бореше храбро. Џастин Трудо, ми недостасуваше твоето друштво вечерва. Со гордост ја носев народната носија од Посавина, и го претставив нашето наследство и националните бои – напишала Колинда.