Што никако не смеете да подарите за Нова Година, носи несреќа! – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/22 4:39 PM

Што никако не смеете да подарите за Нова Година, носи несреќа!

Кога одите да купувате подароци за саканите, запомнете дека има работи за кои се верува дека не се подаруваат, бидејќи привлекуваат неуспех и негативна енергија во животот на личноста на која и ги подарувате.

1. Садови

Ако сакате да подарите некому тенџере или чаши, ставете паричка во секое тенџере. Празните садови носат сиромаштија.

2. Остри предмети

Ножици, ножеви и други остри предмети привлекуваат негативна енергија како магнет. Можете да ги купите за себе, но не како подарок за некој друг.

3. Паричник

Можете да подарите паричник, но важно е да не е празен. Во тој случај личноста на која и подарувате секогаш ќе има проблем со парите.

4. Огледалото

Се верува дека магијата е заробена во огледалата и затоа не треба да се купува како подарок. Наводно, подарување на огледала му носат неволја во животот на оној што ги прима.

5. Часовник

Според популарното верување, ако часовникот се случи да застане, тоа може да донесе лоша среќа. Најдобро е да го избегнете купувањето на овој подарок, пишува Стил.