Сцените на славје од аргентинската соблекувална по победата над Мексико не им паднаа најдобро на жителите на земјата на Ацтеките поради однесувањето на првата ѕвезда на Гаучосите, Лионел Меси и непочитувањето што го покажа кон мексиканските симболи. .
Nа видеото кое се појави на кое може да се види радоста на Аргентинците, Меси во еден момент го гази и шутира дресот на Мексико, наводно истото го направил и со знамето (иако не се гледа), што многу Мексиканци ги налути.
Mexican boxer Canelo Alvarez had some strong words for Lionel Messi after seeing a video of his celebrations 😳 pic.twitter.com/bVEeJlRm7L
— ESPN FC (@ESPNFC) November 28, 2022
Меѓу најгласните во осудата на однесувањето на Меси беше боксерот Канело Алварез, кој на својот Твитер профил му се закани на Меси како да му се заканува на кој било ривал во рингот.
Canelo Alvarez tells God that he hopes he doesn’t catch Messi in person after he saw a video of Messi using the Mexican flag to clean the floor 👀😳 pic.twitter.com/IB72NWn23W
— Daily Loud (@DailyLoud) November 28, 2022
– Видов дека Меси го чисти подот со нашиот дрес и знаме. Сега да се моли на Бога да не го најдам. Како што јас ја почитувам Аргентина, тој треба да го почитува Мексико. Не зборувам за сите Аргентинци, туку само за оваа глупост што Меси ја направи во соблекувалната и кој сите го видовме – изјави Канело.
Алварез моментално е најдобриот и најпопуларниот мексикански боксер, светски шампион во четири категории и дефинитивно не е човек на кого Меси сега би имал што да му одговори освен да се извини за непромислениот потег што го направи во соблекувалната.
Looks like Lionel Messi was just removing his boots. pic.twitter.com/H5KSrSRwce
— FT90Extra (@FT90Extra) November 28, 2022
Извор: Телеграф.рс