МВР информира за две железнички несреќи, кои се случиле вчера во Битола и Скопје.
–На 27.11.2022 во 16.25 часот било пријавено дека на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река, патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во пешак- машко лице. Во несреќата лицето починало на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатот е дадено во Институтот за судска медицина за обукција. Се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.
На 27.11.2022 во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Маџари со повреди од струен удар се здобила 17-годишна малолетничка од с.Волково, скопско. Според пријавеното, таа се качила на вагон и притоа дошло до струен удар и се здобила со повреди. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.