Британски „Телеграф“ објави текст во кој наведува дека талибанците заработиле милиони од изградбата на стадиони на кои се играат натпреварите од Светското првенство.
Како функционирало сè? Катар, САД и Обединетите нации обезбедиле или надгледувале исплата на огромни плати на талибанците за учество во мировните преговори за Авганистан, а тие пари ги „сокриле“ по уплатите на сметката, а потоа нашле начин да ги направат уште поголеми со купување на механизацијата неопходна за изградба на инфраструктурата без која не би можело да се организира Светското првенство. И тогаш тие машини му ги изнајмиле на Катар по цена од 10.000 долари месечно по машина.
– За талибанците турнирот беше златна кокошка. Некои од нив изнајмиле по шест или десет машини, а месечно заработувале и по 10.000 по машина за целото времетраење на изградбата на стадионот – изјави неименуваниот извор на Телеграф.
Катар беше и местото каде што се водеа мировни преговори меѓу Талибанците, кои тогаш живееја во Доха, со Соединетите Американски Држави и Обединетите нации.
Британскиот весник тврди дека нема докази дека катарските власти направиле нешто незаконско, како на пример дека било тешко да се следат парите што ги добивале талибанците. Тие биле платени во готово, а потоа парите биле директно уплатени на сметките на талибанските службеници. Катарските власти тврдат дека месечните надоместоци биле исплаќани со надзор и координација со САД.
– Јавна тајна е во авганистанската амбасада во Доха дека членовите на преговарачкиот тим на талибанците добиле пари од Катар и ги инвестирале во опрема за изградба на стадионот. Тие дури ја користеа својата мрежа за собирање донации од луѓето во Авганистан и им ветуваа на луѓето дел од профитот од изградбата на стадионот – заклучува изворот на британскиот весник.
Извор: Република.рс
Фото: Принтскрин Јутјуб