Ја изневерувал сопругата осум години со жената на брат му – Најголемите љубовни афери на фудбалерите – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/22 7:27 PM

Ја изневерувал сопругата осум години со жената на брат му – Најголемите љубовни афери на фудбалерите

Многу фудбалери не останаа запаметени по вештините на теренот, туку по чудотворите од приватниот живот кои ја потресоа целата светска јавност.

Многубројните неверства ги ставија на втор план своите спортски успеси, а ние ги издвоивме оние измами за кои и денес се зборува!

Погледнете ја листата на фудбалери кои ги мамеа своите поубави половини на секој агол!

1. ДЕЈВИД БЕКАМ

Еден од најуспешните фудбалери на сите времиња е во брак со Викторија повеќе од две децении. Имено, британскиот пар се венчал во 1999 година и оттогаш медиумите го следат секој нивен чекор. Љубовта имаше подеми и падови, но најголемиот скандал се случи во 2003 година, откако потпиша четиригодишен договор вреден 37 милиони евра за Реал Мадрид.

Како бомба одекна веста за неговата врска со Ребека Лос, ќерка на холандски дипломат. Беше планирано само да му помогне да се насели во Мадрид, каде што отпатува за да ја искористи животната можност со својот фудбалски клуб. Сепак, се тргна во сосема погрешна насока. Меѓу нив се роди неверојатна привлечност која по кратко време не можеа ниту да ја сокријат.

И додека Викторија се грижеше за децата во Англија, Бекам почна активно да се дружи со Ребека Лос, да излегува по клубови и да лудува. Биле фатени како се забавуваат заедно, а потоа заминуваат во хотелски соби. Тие беа забележани од фотографите за прв пат на 18 септември 2003 година во ноќниот клуб Ананда во Мадрид. Иако се обиделе да одолеат на нивните чувства, нивната врска траела неколку месеци, додека Викторија не ја раскинала.

Викторија дознала се’ од медиумите, а Ребека признала дека била во врска со фудбалер. Конечниот прекин со Ребека, го најави Дејвид, така што ја напушти нејзината агенција SFX и се приклучи кон ПР агенцијата ангажирана од Викторија.

И тогаш Бекамови жестоко ги негираа сите информации, додека фудбалерот тогаш за медиумите изјави:

„Вистината е дека сум среќно оженет и имам убава сопруга и деца. Нема трета личност да ги промени овие факти.

ОЛИВЕР КАН

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Kahn (@oliverkahn)

 

Приказната за германската легенда е стара повеќе од 20 години, но не е заборавена. Тој поради врската со тогашната 21-годишна Верена Керт ја остави сопругата во осмиот месец од бременоста. Сепак, ниту тоа не траело, па Кан се вратил кај својата поранешна сопруга Симоне, за повторно да се разделат во 2009 година. Две години подоцна, Кан добил син со својата нова девојка.

ЏОН ТЕРИ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Kahn (@oliverkahn)

И Тери не и е верен на својата сопруга Тони. Ја изневерил со девојката на колегата Вејн Бриџ од Челзи – Ванеса Перончело. Ова е една од најпознатите приказни за неверство во светот на фудбалот, а поради скандалот ја загуби и капитенската лента во репрезентацијата на Англија.

Се шпекулираше дека Ванеса останала бремена и дека Џон и пратил пари со абортус. Од друга страна, Перончело никогаш не признала дека имала нешто со Тери, кој се уште е во брак. Изгледа дека Тони му прогледал низ прсти и му простил се’.

ВЕЈН РУНИ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coleen Rooney (@coleen_rooney)


Руни беше главна тема на жолтиот печат во 2004 година, кога ја изневеруваше сопругата Колин со проститутки. Легендата на Манчестер Јунајтед не застана тука, иако сопругата му прости за се. И после тоа можеше да се слушне гласини дека ќе се гледа со други жени. Медиумите пишуваа дека ја изневерувал Колин додека таа била трудна.Тие се во брак од 2008 година и имаат четири сина.

ТЕРИ АНРИ

Анри беше во брак со манекенката Клари Мери само четири години. Нивната љубов пропадна, бидејќи Мери повеќе не можеше да ги трпи неверствата на французионот, а во 2007 година потпиша развод. Најмногу се пишуваше дека ја изневерувал со Сејди Хјулит. Неверствата го чинеле 10.000.000 евра.

 

МИХАЛ БАЛАК

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKECHERS 🇩🇪 (@skechers_germany)

Тој беше обвинет за неверство од страна на поранешниот германски фудбалер Крисријан Лела. Во 2008 година, Балак се ожени со Симоне Ламбе, неговата долгогодишна девојка, со која имаше три деца. Сепак, тие се разведоа во 2012 година, откако Лела откри дека Балак спиел со неговата  девојка Даниела Ауман.

МЕСУТ ОЗИЛ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Howe (@carlahoweofficial)

И тој беше обвинет од Лело, со кој своевремено беше соиграч. Озил беше во врска со германската пејачка Менди Капристо, а во тоа време Лело го обвини за неверство. “Месут ја искористи својата слава и се наметна во нашата врска. Тоа не е во ред”, изјави Лело за Билд. Озил никогаш не ги потврди тие приказни, туку само се закани дека ќе тужи доколку има потреба.

 

ПАТРИС ЕВРА

Манчестер Јунајтед изгледа „предводи“ на оваа листа! Французинот денес е познат по своите луди видеа на социјалните мрежи, но пред речиси една деценија беше во центрот на внимание на скандал. Во 2007 година, Евра се ожени со Сандра, неговата долгогодишна девојка, а шест години подоцна се дозна за неговата врска со Карла Хау, модел на „плејбој“. Меѓу другото, Хау тврдеше дека фудбалерот и платил за секс следното утро, што дополнително ја навредило.

 

ФРЕНК РИБЕР

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cheryl (@cherylofficial)

Своевремено го прифатил исламот поради сопругата Вахиба, но во 2010 година било откриено дека заедно со колегите од француската репрезентација спиел со проститутка која тогаш немала ни 18 години. Рибери и Вахиб имаат две ќерки и еден син и останаа заедно и покрај таквиот скандал што ги засени сите негови спортски успеси.

ЕШЛИ КОЛ

Ешли Кол истовремено ја изневеруваше пејачката Шерил Кол, со дури три жени. Шерил на почетокот му простила, но нивниот брак не траел, па во 2010 година пејачката поднела барање за развод.

 

РАЈЕН ГИГС

Легендата на Манчестер Јунајтед му остана верен на својот клуб до крајот на кариерата, што не може да се каже за неговата поранешна сопруга Стејси Кук. Во еден момент имал три паралелни врски.

Исто така, тој ја шокираше јавноста со својата постапка. Ја изневерувал сопругата осум години, и тоа со Наташа, сопругата на неговиот брат Роди. Кога слушнала дека Рајан и неа ја изневерува  со ријалити ѕвездата Имоген Томас,  сите шокантни детали за врската со спортистот ги кажа јавно.

Набрзо следеше развод од неговата сопруга Стејси, со која има две деца. Во медиумите се шпекулираше дека разводот и неверството го чинело над 40.000.000 фунти.

Извор-stil.kurir.rs

Фото: Инстаграм