Македонскиот државјанин осомничен за трговија со мигранти во притвор во Софија – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/22 11:02 AM

Македонскиот државјанин осомничен за трговија со мигранти во притвор во Софија

По барање на Окружното обвинителство во Софија, судот го задржа во притвор македонскиот државјанин кој се сомничи дека илегално им помагал на странци да влезат во земјата, соопшти прес-центарот на Окружното обвинителство на Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, македонскиот државјанин Б.Д. кривично се гони затоа што на 25.11.2022 година околу 07:45 часот на бул.Цариградско Шоше во Софија, за да прибави имотна корист за себе незаконски им помогнал на 15 авганистански државјани илегално да престојуваат и минуваат низ Бугарија, со тоа што ги превезувал со автомобил Фолксваген. Поведена е предистражна постапка за сторено кривично дело и му е одредена мерка притвор во траење до 72 часа.

Софискиот окружен суд ги прифатил аргументите на Обвинителството дека обвинетиот може да побегне и пресудил против Б.Д. најтешка мерка за обзбедување – „притвор“. Против мерката притвор може да биде поднесена жалба пред Градскиот суд во Софија.

МИА