„Беше кратко ама силно“ – Утрово се тресеше Босна, земјотрес од 4,6 степени – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/22 10:34 AM

„Беше кратко ама силно“ – Утрово се тресеше Босна, земјотрес од 4,6 степени

Силен земјотрес утрово ја погоди БиХ, а според првичните податоци епицентарот бил недалеку од Травник и Зеница.

Според ЕМСЦ, јачина на земјотресот била 4,6 Рихтер, а епицентарот на земјотресот е на 19 километри од Зеница.


Голем број корисници на ЕМСЦ напишаа дека тресењето било кратко, но силно.

– Траеше околу пет секунди, се чувствуваше како доаѓа – напишал друг корисник во близина на Травник.

Се уште нема информации за повредени и колкава штета е направена.