(Галерија) Сообраќаен хаос во Скопје, протест на приватните превозници – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/22 10:26 AM

(Галерија) Сообраќаен хаос во Скопје, протест на приватните превозници

Скопје живее уште еден ден од сообраќајниот хаос, кој се случува со денови.

Утрово приватните превозници, како што најавија,  ја блокираа крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, паркираа 30 автобуси, а според најавата доколку не се реши проблемот со градоначалничката Данела Арсовска ќе паркираат и 200 автобуси.

Проватните превозници „Слобода превоз“ и „Мактранс“ си ги бараат парите, кои Град Скопје не им ги исплаќа вече три месеци.

Тие велат дека треба да добиваат по едно евро за секој изминат километар, но овој договор властите од Град Скопје не го почитуваат па долгот се зголеми на 1,5 милион евра. Без пари, како што велат превозниците, не можат да возат, бидејќи нема со што да купат гориво, а семејствата им се оставени без леб.

Погледнете го хаосот во Скопје:

Фото: МИА