Пејачката Лепа Брена настапи две вечери по ред на традиционалната манифестација „Месап есен 2022“, пишува 24сата.хр.
На еден од настапите се случила вистинска драма, во која главни актери биле неколкумина пензионери.
Како што пишува 24сата.хр Итна помош им била потребна на шест пензионери, кои изгубиле свест. Но, еден пензионер бил толку силен што без проблем ја прескокнал оградата и се качил на бината. Обезбедувањето сакало да го отстрани, но Брена не дозволила, останал на сцената и со љубов ја гледал додека таа пеела.