Вчера во арена „Борис Трајковски“ се случи најголемата „кафанска“ журка во Скопје.
Концерт одржа босанската фолк легенда Халид Бешлиќ, кој во својата долгогодишна кариера испа толку многу хитови, што не поминува ниедна седенка во кафеана, а да не се отпее барем една негова песна.
Така беше и вчера вчерта, „Dијаманти“, „Миљацка“, „Миљацка“, „Јас без тебе не можам да живеам“, „Занесен од твојата убавина“.., се само дел од од песните кои оваа жива легенда ги отпеа пред скопската публика.
Реакцијата, пак, на публиката беше очекувана, рацете горе и пеење во хор со него. Расположение, какво што одамно немало во ниедна скопска „кафана“.
Погледнете дел од атмосферата на нашиот фоторепортер Вагел Тануровски: