Сликите од соблекувалната и трибините кои Јапонците ги оставија во беспрекорна состојба, како што тоа го правеа и пред четири години во Русија, предизвикуваат восхит на социјалните мрежи и на ова Светско првенство во Катар, пишува францускиот весник Паризиен.
Осврнувајќи се на беспрекорната хигиена која зад себе ја оставаат јапонските фудбалери и навивачи, весникот истакнува дека тоа може да се објасни со културни и верски причини.
ФИФА објави на својот Твитер профил фотографија која сведочи за хигиената во јапонската соблекувална по дуелот против Германија на стадионот „Калифа“ во Доха.
Tidying up after one of their greatest #FIFAWorldCup wins 👏
Huge respect to these Japanese fans 🙌 #Qatar2022 pic.twitter.com/RVwLwykPeq
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 24, 2022
-Би можеле слободно да јадеме од подот кој сјае без најмала тронка нечистотија. Столиците и клупите се беспрекорно чисти, внимателно здиплени пешкири на еден стол, понекое дискретно оригами и зборови благодарност, пренесува Паризиен, кој како и сите медиуми во Франција будно го следи Мундијалот во Катар на кој Триколорите ја бранат светската титула од пред четири години во Русија.
МИА
After an historic victory against Germany at the #FIFAWorldCup on Match Day 4, Japan fans cleaned up their rubbish in the stadium, whilst the @jfa_samuraiblue left their changing room at Khalifa International Stadium like this. Spotless.
Domo Arigato.👏🇯🇵 pic.twitter.com/NuAQ2xrwSI
— FIFA.com (@FIFAcom) November 23, 2022