(Видео) Сите се уште се чудат како исчезна Адел? Се појави нова снимка, но загатката остана – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/22 5:56 PM

(Видео) Сите се уште се чудат како исчезна Адел? Се појави нова снимка, но загатката остана

Обожавателите на Адел сè уште се обидуваат да откријат како таа успеа да ја изведе неверојатната „точка на исчезнување“ на крајот од нејзиното шоу во Лас Вегас.

Да потсетиме, на крајот од концертот во Цезар Палас во Лас Вегас, пејачката исчезна од сцената откако врз неа се спушти завеса од розови конфети.


Некои се сомневаат дека излегла низ скриена врата на подот на сцената, но на луѓето се уште не им е јасно како го направила тоа, а сега се појави и видео забавено на кое се прикажува „исчезнувањето“ на Адел.
„Да, видеото забавено не помогна“, се пожали еден фан откако го виде клипот, додека друг твитна: „Сè уште не можам да сфатам како“.