Четиринаесетгодишна ученичка се здобила со телесни повреди, откако нејзините соученици ја фрлиле од прозорецот од нивната училница – соопшти денеска МВР.
Имено, педесетодишен маж во полициската станица Аеродром денеска пријавил дека на 28 септември во училиште во Аеродром се случило насилство. До инцидентот дошло кога во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна четиринаесетгодишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја.
Од МВР велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.