Градинката од Гевгелија демантира дека имало насилство врз дете, објави Гевгелија,нет.
-Се работи за детска игра во малата група во клонот ‘Цветови’, каде што настанале гребаници на едно од згрижените дечиња. Случајот го пријавивме до надлежното Министерство за труд и социјална политика и очекуваме уште утре надлежен инспектор од МТСП да ја посети установата.
По извршениот инспекциски надзор, ќе бидете известени за стручниот наод. Дотогаш тврдењето на пратеничката Петкова го сметаме за тенденциозно и политички обоено со изнесени невистини за установата. Грижата за децата е наш императив, а во соопштението на пратеничката Петкова е очигледна грижата за одземените ингеренции на градоначалникот на општина Гевгелија врз ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија од страна на МТСП токму поради непостапување во согласност со законските надлежности во сферата на детската заштита што ги има локалната самоуправа“, се наведува во демантот.
– „Министерството за труд и социјална политика презема соодветни дејствија во рамките на своите надлежности. Како Министерство продолжуваме да работиме отворено и транспарентно, во насока на заштита на децата и обезбедување на квалитетен предучилишен процес за секое дете“, соопштија од МТСП потврдувајќи дека за утре е закажен инспекциски надзор во ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија.
Извор и фото: гевгелија.нет