По прес конференцијата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која ги обвини „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ дека краделе пари, прес одржа и директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.
Тој ги отфрли таквите обвинувања и вели „само болен ум може да смисли вакви лаги, патологија на лажење“.
„Градоначалничката кажа дека е загрижена, биле изманипулирани превозниците и парите не стигале до нив. Тие не се ретардирани, знаат кој печати карти, кој продава и каде стигаат парите. „Слобода превоз“ ниогаш не продавала билети. Тоа е исклучлива надлежност на ЈСП. Ниту еден автобус не продава билети во автобусите. Било кој се обидел да направи било каква злоупореба би било регистирано, постои електронски траг. Доколку имало било какви пропусти за сите овие шест години можел да биде регистриран., Ниту претходните градоначалници не се ретардирани, па ако имало злоупотреби да не реагираат. Ниаков допир со пари немаме. Целата продажна мрежа се одвива преку пунктови. Ние не продаваме билети. Кои пари да ги пријавиме кога немаме продажба ниту во автобусите, ниту имаме билетари. Наша обврска е само да изготвуваме фактура, а тоа се проверува. Вака лесно проверливи податоци, а да се кажуваат лаги, не знам како институција како Град Скопје може да изнесува вакви лаги. Ќе поднесеме тужби за клевета и на наружување на угледот. Срамот нека е нивен, рече Јовановски и додаде:
– Не ни е познато возач да продаде билет или да не издаде сметка. Она што ЈСП го прави е препродажба на билети, кои ги тераат возачите да купат билети и да ги препродаваат, а ние тоа уште на почетокот го одбивме. Разочаран сум бидејќи доага од некој на кој сме помогнале. Таа ветуваше разни работи и ако смета дека со оваа лага ги натера превозниците да се свртат против, не може. Тие се свесни. Билети се продаваат во билетара или кај возач, но тие не го прават тоа. Каква е оваа патологија. Се сложувам со Шилегов, кој вели „оди си, не не мачи сите“. Не очекував ова да го направи најголемиот душман, а не некој на кој сум помогнал. Божјата казна е онаа која не можеме да ја избегнеме. Вчера пуштивме допис до советничките групи, кој можеби е повод за оваа нејзина реакција, бидејќи не наидовме на разбирање од неа, кажа Јовановски.
„Ова е патологија, продолжи Јовановски, со која треба да се занимаваат постручни лица од мене.Се чудат и се крстат и размилуваат на кого се остави овој град така да функционира. Да го жалиме градот. Ако некојверуваво приказните протестот ќе беше кај нашите фирми, со оглед на тоа што протестот утре ќе биде пред ЈСП. Ако постојат тие 400.000 билети кои се проневерени билети нека каже директорот. Утре превозниците со автобусигте ќе бидат пред ЈСП и ќе побараат одговори зошто се престанало со исплатите и зошто се лаже. Ние ќе ги застапуваме интересите на превозниците и институционално да го решаваме проблемот.“