Петровска обелодени, а МВР потврди: Вработените молчеле, таткото пријавил дека бебето му е повредено поради негрижа во градинка во Гевгелија – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/22 3:09 PM

Петровска обелодени, а МВР потврди: Вработените молчеле, таткото пријавил дека бебето му е повредено поради негрижа во градинка во Гевгелија

 

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелина Петкова денеска на прес конференција ја обвини Елизабета Стефановска, директорка на детската градинка „Цветови“ од Гевгелија за „брутално насилство врз бебе од 10 месеци“.

-Директорката молчи и го крие инцидентот. Се случил во вторникот, а бебето заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата. Директорката се обиде да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот во полиција го пријавува родителот на бебето ден потоа.  Повредите со какви се стекнало 10 месечното бебе се големи.  Ова не е прв инцидент откако оваа директорка менаџира со градинките во Гевгелија, сличен инцидент имаше пред две години, а минатата година кога снема огромни количини на нафта во градинката институциите повторно затаија со реакција. Мандатот на Стефановска иако завршен и е продолжен од страна на министерката Тренчовска, рече Перовска на прес конференцијата.

ММС се обрати до МВР од каде ни потврдија дека таков немил настан се случил пред два дена и дека го пријвил таткото на бебето.

-На 24.11.2022 година во Полициската станица Гевгелија, Т.Н. (24) од село Брајковци, валандовско, пријавил дека на 22.11.2022, во периодот од 07.00 часот до 14.45 часот, во градинка во Гевгелија, вработените, според пријавеното, ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување на децата, оставајќи ги подолг период без никаков надзор, при што неговата 10 – месечна ќерка се здобила со повреди. Како што е пријавено, за ова вработените не го известиле него, ниту пак детето го однеле во медицинска установа за укажување помош.  За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Се обидовме да стапиме во контакт и со директорката на градинката, но на телефонскиот број не се јавуваше никој.

(В.М.)