Премиерот Ковачевски на денешната прес конференција беше прашан и за случајот „Онишченко“ и распитот на Виктор Димовски пред собранисклата комисија. Односно дали директорот на АНБ, Димовски ќе понесе одговореност.
-Владата донесе одлука за одземање на државјанството на Онишченко. Детали од затовена седница не можам да споделам, тоа строго и тешко казниво дело. Се она што треба да биде споделено ќе биде споделено понатаму. Во однос на раководењето со АНБ за 20 дена, од денес, има ќе има нов директор на АНБ, рече Ковачевски.
Ковачевски беше прашан и за тоа кој е лажниот документ и кои се други, но тој не даде одговор.