Мерките не се некој да седи по канцеларии, вари кафиња и си чита весници – Ковачевски им се налути на општинарите – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/22 12:22 PM

Мерките не се некој да седи по канцеларии, вари кафиња и си чита весници – Ковачевски им се налути на општинарите

Премиерот Ковачвски е револтиран што за субвенционирана струја Општините ги пријавувале и општинските згради, па на денешната прес конференција ги опомена  дека владините мерки за помош не се за некој да ужива, а друг да не може да сврзе крај со крај.

Па им порача на општинарите:

-Овие мерки не се за удопство ниту на државна администрација,  ниту на општинска администрација. Овие мерки не се за да некој да седи по канцеларии, си вари кафиња, си држи состаноци и си чита весници. Овие мерки се за граѓаните. Овие мерки не се за да некој во време на криза ужива во удопство, а друг да не може да сврзе крај со крај. Затоа да си поднесат за комунални претпријатија за снабдување со вода, за основни и средни училишта да се обезбеди се она што е потребно за децата и за граѓаните. Во време на криза не се финансира удопство и изобилие, туку се финансира солидарност“, рече Ковачевски.