Приведен возачот на камионот што утрово пропадна на плоштад „Македонија“, од Град Скопје велат немал дозвола за движење – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/22 12:26 PM

Приведен возачот на камионот што утрово пропадна на плоштад „Македонија“, од Град Скопје велат немал дозвола за движење

Камионот кој денеска пропадна во близина на фонтаната „Воинот на коњ“ неовластено влегол на плоштадот Македонија – велат од Град Скопје откако денеска од МВР рекоа дека камионот имал уредна дозвола за движење, издадена токму од градот.

Од Градот велат дека приватната компанија имала поднесено барање, но не добила дозвола за движење.

– Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спортивно ќе следи прекршочна и кривична пријава, велат од Град Скопје.